Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Судски совет: Ферати не направил грешка со пресудата од две години затвор за Пајазити

Судскиот совет не утврдил погрешно постапување од ниту еден од трите судови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет не утврдил погрешно постапување од ниту еден од трите судови кои се занимавале со случајот за смртоносното прегазување на 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово. Тие детално наведуваат кој суд како постапил, па на крајот потврдуваат дека судијата Елмедин Ферати не направил грешка кога го осудил возачот Менсур Пајазити, кој ја усмрти девојката, на две години затвор. Од таму појаснуваат дека само возачот Ферати се жалел на пресудата, па според нив, тука се применува одредбата од Законот за кривична постапка, која вели: „Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“.

Судскиот совет исто така нагласува дека работите би биле поинакви ако на првостепената пресуда, кога возачот Пајазити бил осуден на три години и шест месеци, се жалело и Обвинителството. Во тој случај, при повторување на постапката, судијата можел да определи и повисока казна. Но, основното обвинителство од Тетово не поднело жалба, а Вишото обвинителство, кое го претставувала обвинителката Вјолца Елмази, прво барало потврдување на казната, а потоа се предомислило и барало пониска казна. Пресудата од две години затвор, која е конечна, беше изречена врз основа на оваа промена.

Од Обвинителството потврдуваат дека барале намалување на казната, но не очекувале толку значително намалување. Пресудата е темелена и на нивниот предлог, но немаат објаснување зошто тоа не било направено преку писмен предлог, туку прво барале потврдување на казната, а потоа побарале помала казна.

Реклама

На извештајот на Судскиот совет веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи го Советот дека го „газат правдата и ја уриваат државата“.

– Парасистемот на СДС и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата. Судскиот совет денес ја обелодени вистината – за нив, животот на Теодора вреди само две години затвор. Тоа е нивната „правда“. Срамна, понижувачка и целосно дискредитирана.

Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, сите членови на овој Совет се избрани од СДС и ДУИ во време на Заев и Филипче. Ова е нивниот Совет, нивната мрежа, нивниот инструмент за заштита на своите и покривање на криминалот. Ова не е изолиран случај. Ова е дијагноза на системот – болен, трул и партизиран до коска. Судии кои не се водат од закон, туку од партиска лојалност. Совет што не штити правда, туку крие срам.“

Тие додаваат дека овој систем нема да остане таков и дека ќе се воспостави независен судски систем, со правда и одговорност.