Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Судот донесе одлука за спојување на постапките за пожарот во Кочани и за агенцијата „Рубикон“ што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“.

Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки  денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претсваници на обвинителството, на одбраната, новинари.

Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. 

Реклама

Основниот Кривичен суд Скопје во октомври годинава го одобри во целост дополнителниот обвинителен акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, против Александар Нацев – реален сопственик и одговорно лице на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“ ДООЕЛ Скопје. Тој се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот. 

Според обвинението Нацев се товари за особен придонес во трагедијата, бидејќи заедно со други веќе обвинети и непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за заштита, со што предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и за имотот од големи размери.

Во критичниот период од септември 2022 до денот на пожарот, Нацев фактички раководел со агенцијата, заеднички со управителот, без да ги почитува законските обврски од Законот за приватно обезбедување. Агенцијата не презела мерки за спречување и откривање на штетни појави, не склучила писмен договор со „Клуб Пулс“, и не водела грижа, контрола и надзор врз работата на обезбедувачите.

На критичниот ден, тројца лиценцирани и еден нелиценциран вработен биле задолжени за обезбедување на објектот, без претходна безбедносна проценка, без проверка на сигурносните услови, излези и можности за евакуација. Објектот бил преполн, а не бил изготвен ниту доставен План за обезбедување за настан со поголем број посетители.

Дополнително, вработените не извршиле проверка на идентитет и возраст на посетителите, дозволувајќи влез на малолетници по полноќ. Не бил извршен ниту преглед на лица при влез, со што не бил спречен внесот на пиротехнички средства – директна причина за пожарот.

Истрагата покажала дека Нацев давал директни инструкции на обезбедувачите ангажирани критичната вечер. По трагедијата, тој основал нова агенција за обезбедување во Струмица, што обвинителството го смета за обид да ја продолжи дејноста, формално затскривајќи се зад друго одговорно лице.