Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Судење за „Пулс“: Вештачењето отвори нови прашања за одговорноста, семејствата револтирани од одолговлекувањето

Објектот во 2012 година бил безбеден, но пренамената од производствен погон во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објектот во 2012 година бил безбеден, но пренамената од производствен погон во дискотека „Пулс“ отворила нова линија на одговорност. На денешното рочиште вештакот Горан Марковски потврди дека сопственикот не бил консултиран за реновирањето и материјалите што ги користел закупецот, но посочи и дека тој не е изземен од одговорност бидејќи според Законот за градење токму тој го поднесува барањето за пренамена на објектот. Со вкрстено испрашување продолжи судењето за трагедијата во кочанското кабаре.

Адвокатката на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, преку прашањата до вештакот Марковски се обиде да ја поткрепи тезата дека објектот во 2012 година, кога бил даден под закуп на Дејан Јованов, бил законски исправен и безбеден.  

Вештакот, уште еднаш потврди дека несоодветните материјали придонеле за толку брзо ширење на пожарот.

Реклама

Од семејствата на загинатите велат дека одбраната ги одолговлекува рочиштата, со поставување на нерелевентни и неколку пати досега одговорени прашања.

  • „Вкрстеното испрашување треба да служи за проверка на доказите и утврдување на фактите и доказите, а не колку долго можат да издржат судот, вештаците и родителите бескрајно повторување на прашањата без судштина. Одбраната може да се брани, никој тоа не го успорува, ако има што да се побие во вештачењето, повелете со факти докумнти и стручни аргументи и конкретни прашања, но ако нема што да се побие, одолговлекувањето нема магично да го побие.. “ рече Александар Наунов – Здружение „16 Март“ Кочани.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 63 лица, а повеќе 200 беа повредени. На обвинителна клупа седат 34-ца, а иницијалното обвиение беше поднесено за 35-мина но во меѓувреме едно лице почина. На кривична одговорност се повикани и три фирми.