Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Судењето за „Пулс“ ќе биде маратонско и мачно – Главен предизвик е да се докаже директна вина за тешки дела против општата сигурност

Неквалитетно обвинение и дефицит од докази може да го направат судскиот процес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неквалитетно обвинение и дефицит од докази може да го направат судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ маратонски и мачен, а не тоа што има голем број на обвинети и докази, коментираат познавачите. Според досегашната судска пракса за тешки дела против општата сигурност обвинетите се директни причинители на штетата, за разлика во овој предмет во кој Обвинителството тврди дека обвинетите, повеќе од 10 години не работеле и тоа е главната причина за трагедијата. Ова според битолскиот судија Зоран Караџовски е одлучувачки фактор дали судењето ќе трае повеќе од една деценија и ќе заглави во судскиот лавиринт, или, па ќе заврши во разумен рок и донесе правда за семејствата на жртвите.

Додека Обвинителството тврди дека трагедијата е последица на долгогодишно неработење на повеќе институции, кои ги управувале поранешни министри, градоначалници и инспектори, обвинетите приговараа дека обвинението е паушално и нејасно.

Првообвинетиот сопственик на дискотеката, Дејан Јованов го чека судењето во кумановскиот затвор. Неговата одбрана, вината за трагедијата ја префрла кон институциите, кои пропуштиле да го регулираат објектот. Дел од одговорноста, лежела и кај бендот ДНК, затоа што не му пријавиле дека ќе користат пиротехника. Идентичен е приговорот и на син му Михаил, а и брат му тврди дека само продавал карти и немал никаква врска со дискотеката.

Реклама

Обвинетите градежни инспектори се бранат дека во општината немало пријави ниту поплаки за „Пулс“, за да може да постапат. Истото го велат и пазарните иснпектори, а поранешните министри и градоначалници се бранат дека не може да одговараат за нешто што правеле нивните претходници или следбеници. Немало пријави ниту поплаки, по кои можеле да постапат. Тие сметаат дека не може за пожарот во дискотеката, во 2025-та да одговара некој што бил на функција десетина години порано.

Обвинението се оценуваше цели три месеци. Големиот број на обвинети и нивните адвокати вложија приговори на 109 страници за надлежноста на судот, вештачењето од Градежниот факултет и прашањето за застареноста на делото.

И нути еден од 34-рицата обвинети не признава вина. Судот им ги отфрли приговорите и после седум месеци успеа да го закаже стартот на судскиот процес за 19 ноември. Во предметот се вклучени околу 30 адвокати, најмногу локални бранители од Кочани. Меѓу нив, има и долгогодишни и искусни адвокати, кои застапувале обвинети во високопрофилни случаи.