Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Прилози

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

По седум месеци од трагедијата во Кочани конечно е утврден терминот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По седум месеци од трагедијата во Кочани конечно е утврден терминот за старт на судењето. На 19-ти ноември стартува процесот кој на обвинителна клуша ќе ги седне 34-ца обвинети коишто ќе одговараат за тешки дела против општата сигурност. Од Кривичниот суд инфомираат дека втор судечки судија ќе биде  Ахмед Идризи бидејќи две судијки се изземале поради нивната поврзаност со дел од осоничените, а кормилото на судењето ќе го води судијката Дијана Груевска Илиевска. Судот, поради ефикасност на постапката, одредил уште шест термини за судењето, во наредните месеци ноември и декември, а ќе се одвива во големата судница во Идризово поради големиот јавен интерес.

Заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 г., 26.11.2025 г., 02.12.2025 г., 04.12.2025 г., 10.12.2025 г. и 11.12.2025 г., а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава, информираат од Кривичниот суд.

Обвинението се оценуваше цели три месеци, а од Кривичниот суд за долгиот период на оценување образложија дека станува збор за проблеми при доставата, како и поради барањата на судиите за изземање од судската постапка.

Реклама

Во меѓувреме, додека траеше оценувањето, државниот обвинител Љупчо Коцевски и Адвокатската комора се препукуваа за тоа дали обвинението е стручно и издржано како и за прогнозите дека процесот ќе биде маратонски и мачен без да донесе правда.

Инаку, по три месеци од пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, Јавното обвинителство на 13 јуни годинава го поднесе обвинението. Сите обвинети се товарат за исто дело, со исклучок на еден, кој е обвинет за примање мито за изготвување на лажните лиценци за да може објектот да функционира како дискотека. Во обвинението се вклучени и трите фирми на кои била рефгистрирана дискотеката.

Првично истрагата опфати 50 луѓе, но за дел од нив постапката беше прекината бидејќи Обвинителството не можеше да обезбеди докази.

Првообвинети се тројцата сопственици на фирмата „Класик ДМ ДОО Кочани“ чија подружница била и дискотеката. Тие се обвинети дека во период од 13 декември 2012 до 16 март 2025-тата  вршеле угостителска дејност без да ги исполнат законските услови за реконструкција на објектот и негова пренамена за оваа дејност.

За трагедијата обвинети се и тројца ексградоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, еден генерален секретар и двајца министри за економија, службеници на државниот пазарен инспекторат, како и членови на обезбедувањето на клубот.

Обвинителството ги товари дека сите тие со непреземање на своите службени должности, придонеле во Кочани да функционира објект како дискотека без да ги исполнува минималните услови.

За трагедијата се осомничени уште 27 полицајци за кои се очекува Обвинителството да поднесе обвинение.