Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Судење за експретседателката на ДКСК: Обвинителството изведува докази, одбраната тврди нема оддавање службена тајна

Безбедносниот сертификат на екс првата антикорупционерка, Татјана Димитровска, за кој е обвинета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедносниот сертификат на екс првата антикорупционерка, Татјана Димитровска, за кој е обвинета дека го добила со компјутерски фалсификат, обвинителството го прикажа во судница. Сите предмети кои се воделе во Антикорупциска, за поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ додека Димитровска беше прв човек на Комисијата, обвинителите ги презентираа пред судот, а се однесуваат за судир на интереси и имотна состојба. На следното рочиште ќе бидат презентирани преписките, околу 250 илјади електронски записи и пораки помеѓу Димитровска и Стојановиќ со кои обвинителството ќе ја докажува вината за одавање службена тајна.

  • „..Содржат службени белешки за поведување предмети и распределба во ДКСК, како и донесени одлуки против правните лица „ХЕМ Алијанс” Неготино, „Брејм коде” Скопје и физичките лица Данчо Стојановски, Маја Јорданова, Небојша Стојановиќ.. постапки по однос на набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино како и проверка на имот на лицето Небојша Стојановиќ..“ – рече при презентација на доказите Фатон Азизи – обвинител во ОЈО ГОКК.

Одбраната пак тврди дека сите докази на обвинителството за Димитровска биле претходно јавно објавени на седница, а пораките со Стојановиќ не ги спорат, но со нив не била откриена службена тајна.

  • „Неспорно е дека постоела комуникација и тоа ние не го спориме. Дејствијата на Татјана Димитровска не е содржано кривично дело, ниту за оддавање службена тајна, ниту за комјутерски фалсификат. Тоа се 4 линка од седниците на ДКСК, да ја видите целата анализа на сите овие докази кои денеска ни се презентирани “ Владимир Туфегџиќ – адвокат на Димитровска

Екс претседателка претходно категорично ги отфрли обвинувањата за одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. За лажниот сертификат се товари и ревизорот Миле Столевски бидејќи според обвинението, тој во нејзино име го полагал тестот .. Билјана Петровска-Мантева од ТЕЦ „Неготино“, исто така се товари за одавање тајни.