Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Студентски средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности

На Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје од  денеска до 8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје од  денеска до 8 ноември ќе се одржат Студентските средби „Скомрахи“ со учество на студенти од повеќе европски драмски академии.

-Под мотото „Друг свет“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават на Академската сцена на ФДУ, во Драмскиот и во Албанскиот театар. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави на студенти од Белгија, Словачка, Турција, Србија заедно со оние на домаќините – студентите на ФДУ, соопшти ФДУ. 

Во рамки на програмата, на ФДУ ќе има и две работилници – на 6 ноември ќе се одржи работилница водена од Катржина Јебава од Академијата за изведувачки уметности во Брно, Чешка, и на 8 ноември – работилница водена од Умит Ерлим од Одделот за сценско-изведувачки уметности на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Малтепе во Истанбул.

Реклама

-Годинашните Скомрахи, целосно конципирани и програмирани од студентите на ФДУ, се инспирирани од желбата да се откријат нови реалности и алтернативни перспективи за уметноста, театарот и човековото постоење. Под мотото „Друг свет“, фестивалот го истражува просторот помеѓу имагинарното и реалното, границите на телото, идентитетот и сцената. Скомрасите ги повикуваат сите љубители на театарот, уметноста и експерименталниот израз да се приклучат на создавањето на „Друг свет“, наведува организаторот. 

Годинашните „Скомрахи“ ќе почнат денеска во Драмскиот театар – Скопје со изведба на „Луѓе, места и нешта” на Данкан Мекмилан од студентите на ФДУ. Сите настани се отворени за публиката, со бесплатен влез. Целата програма е објавена на www.instagram.com/skomrahi  и www.facebook.com/skomrahi