Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Студентите и пензионерите ќе можат легално да работат без да ги изгубат правата

Владата отвора ново поглавје во борбата против сивата економија. Со новиот закон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата отвора ново поглавје во борбата против сивата економија. Со новиот закон за работно ангажирање на лица, кој стапи на сила од 1 јануари 2026 година, се создаваат повеќе работни места, поголема заштита за работниците и постабилна и предвидлива деловна клима за компаниите. Работењето на црно практично ќе се сузбие со отворањето на можноста за дополнителен ангажман на пензионерите, но и на студентите и младите чиј сезонски но и секаков друг вид работен ангажман ќе биде со јасни права и обврски. Новиот модел според надлежните овозможува пофлексибилен и поедноставен начин  за нивно дополнително легално ангажирање, создавајќи јасна правна рамка и поедноставување на електронските процедури во делот на пријавувањето, одјавувањето и уплатата на придонеси.

„Корисниците на гарантирана минимална помош, не ги губат социјалните и детските права, невработените не се бришат од евиденција и не го губат паричниот надоместок, пензионерите го заджуваат правото на пензија, а студентите и учениците ги задржуваат правата од образовниот систем“, изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Во првата фаза Законот ги опфаќа дејностите во кои сивата економија е најизразена, како што се земјоделството, шумарството, рибарството, објектите за храна и дејностите во домаќинствата. Се очекува бенефит за вкупно 17,400 работници, од кои 12,000 сезонски во секторот земјоделие и околу 5400 непријавени во туризмот, угостителството и услугите.

Реклама

„Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало речиси 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани... Работодавачите добиваат флексибилност и поедноставни административни постапки, а работниците добиваат исплата по час, придонеси за пензиоско и инвалидско осигурување, дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување, во случај на повреда на работа или професионално заболување, како и јасна правна заштита на нивните права“,изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Законот беше работен од експерти од Германското друштво за меѓународна соработка, заедно со Агенцијата за вработување, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.