Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Струмица и Карпош не го напуштаат ЗЕЛС-Ѓорѓиевски успеа да најде решение

Струмица и Каропош нема да го напуштат ЗЕЛС, претседателот Орце Ѓорѓиевски успеа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струмица и Каропош нема да го напуштат ЗЕЛС, претседателот Орце Ѓорѓиевски успеа да најде решение со кое се надмина проблемот. Според него ваквите проблеми не треба да имаат политичка позадина и потребно е да се реализираат проекти со кои ќе им се олесни животот на граѓаните.

,,Нема истапувања од ЗЕЛС, ЗЕЛС останува обединет. Јас од самиот почеток му дадов шанса на целиот процес и затоа ако внимававте и ме следевте од самиот почеток никогаш не избрзав со моја реакција оставајќи простор да седнеме и да разговараме затоа што сите сме луѓе на крајот од денот, но и сметав и излезе на крајот дека е така. Стануваше збор за избрзани реакции од страна на моите колеги коишто успеавме да ги надминеме,, изјави Ѓорѓиевски.

На 23 состанок на заедничкиот консултивен комитет помеѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија од страна на Ѓорѓиевски беше нагласено дека Македонија ги спроведува сите реформи кои се наложени од Европската Унија а најдобар показател за тоа е планот за раст на Европската Унија од кој на Македонија и следуваат 250 милиони евра, од кои 50 милиони годинава.   

Реклама

На состанокот меѓу другото беше нагласена важноста на дигитализацијата која на општините и граѓаните ќе им овозможи полесен и побрз пристап до податоци и документи од јавен карактер, но и алатка плус за борба против корупцијата. 

,,Морам да истакнам дека изминативе години како општини генерално и јас како претседател можам тоа да го тврдам дека покажавме силен капацитет во однос на дигитализацијата што е наша сериозна заложба во однос на тоа прашање. Се надевам дека и натаму ќе продолжи нашата соработка со нашите партнери,, кажа претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.

Од ЗЕЛС ја изразија благодрноста кон Владата на Македонија која обезбеди финансиска поддрка за општините за инфраструктурни проекти во висина од 100 милиони евра, додека идната година се предвидени уште 150 милиони евра. 

Покрај обраќањето на Ѓорѓиевски на состанокот се обратија и Златко Перински, министер за локална самоуправа и Штефан Худолин,  шеф за соработка на европската делегација.

Даниел Ѓорѓевски,