Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Струга никако да се ослободи од Мерко: Контроверзниот градоначалник ќе задржи влијание преку „свои“ советници

По 16 години власт, неприкосновениот Рамиз Мерко заминува од градоначалничката фотеља.Ова е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 16 години власт, неприкосновениот Рамиз Мерко заминува од градоначалничката фотеља.Ова е крај на една ера обележана со низа контроверзии и долготрајна домонација во Струга. Во тесна битка за идниот градски татко независниот кандидат Менди Ќура и Арсим Далипи од Национална алијанса за интеграција,влегуваат во втор круг. Разликата помеѓу нив во првиот круг е 215 гласа во корист на Ќура.

 “Ова значи дека официјално има втор круг,меѓутоа јас мислам дека мојот противник,опонент ќе го задржи зборот и ќе се повлече .И мислам дека нема да има втор круг.Исто така јас мислам и да има,веќе се знае кој е градоначалник.Да го чуваме овој дух на единство и достоинство секој ден, затоа што промената започна и никој не може да ја запре” рече Менди Ќура-независен кандидат за градоначалник

Кандидатот на Национална алијанса за интеграција, се огласи преку фејсбук.

Реклама

“Но, ова не е крајот. Денес не се откажуваме!Денес ја продолжуваме битката за соборување и за победата на Струга. За нашата Струга – Струга што беше бетонирана, обезличена и ограбена многу години. За Струга што заслужува достоинство, развој и подобра иднина.”, вели Арсим Далипи, кандидатот на Национална алијанса за интеграција

Турбуленции и во градскиот совет, до неодамна позициската СДСМ, не само што целосно ја загуби доминацијата туку доживеа вистински дебакл.23-те советнички места ќе ги пополнат:8 кандидати од  Национална алијанса за интеграција,6 од ВМРО ДПМНЕ, 4 од ВЛЕН,Левица и СДСМ по еден.Тројца советници има групата избирачи предводена од Анела Ќазимоска,зад која стои Рамиз Мерко.Ја скрои по свој терк,за да има повторно влијание во советот.Ќазимоска која е тотален анонимус на политичката сцена, се знае само дека била асистент на некој универзитет.Останатите двајца се десна рака на Мерко,еднот Енвер Вејсели е вработен во општина Струга,а другиот Адем Ајдароски беше советник во претходниот состав од редовите на ДУИ. Мерко своевремено го вдоми и како в.д. директор  во основното училиште “Гоце Делчев” во Подгорци.Јавноста го памети по скандалозната прослава на албанското знаме во 2023-та.