Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Стручна проценка на повредените во Кочани, уште 11 пациенти се лекуваат во странство

Сите недостатоци во кочанската болница каде се лекуваат двајца пациенти кои имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите недостатоци во кочанската болница каде се лекуваат двајца пациенти кои имаат потреба од преврски и околу 40-тина се рехабилитираат, се покриваат со стручен кадар од Клиничкиот центар и од Козле. Здравствените власти посочуваат дека цел оддел во „Осми Септември“ и на Клиниката за пластичка хирургија се спремни за пациентите на кои им треба понатамошно лекување. На располагање се дополнителни 35 медицински лица кои беа обучени од британските доктори за физикална и психолошка рехабилитација на пациентите.

  • „Од овие 45 што ги обучуваа англичаните, само 10 се од кочанската болница. Останатите 35 можеме веднаш да ги пренесеме. Во постојана комуникација сме со директорката “ рече Јовица Андоновски – Заменик – министер за здравство.

Странските доктори препорачале рехабилитацијата да биде во Кочани односно пациентите да бидат поблиску до семејствата. Пластичка хирургија во моментов има 2 пациенти, но за сите повредени се обезбедуваат потребните терапии и лекарства, вели директорката Ѓорѓиевска Павловска.

  • „Плазма богата погата со тромбоците, се даваат лепенки кај пациентите кај кои може да се појават лузни, се даваат заштитни креми со фактор“ Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска – Директорка на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство, а седум во Македонија. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти исто така во добра состојба, во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во Турција се двајца пациенти префрлени на одделение, на кои редовно им се прават преврски.

Реклама
  • „Во следните 4 дена , тим од специјалисти од КАРИЛ, Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’, Клиниката за хируршки болести ‘Св. Наум Охридски’ и од Клиниките за пластична хирургија и токсикологија ќе вршат еваулација на пациентите. Апелираме до сите да дојдат. И тие што не биле повредени и не биле хоспитализирани, сите да дојдат во Општата болница во Кочани“, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски.

Власта планира и реконструкција како на кочанската, така и на болница во повеќе градови бидејќи според заменик-министерот Андоновски со години ништо не било вложувано во здравствените капацитети.