Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

„Страв и надеж“ на МНТ најдобра претстава на годинашниот јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Уште едно успешно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Шеесеттото издание годинава понуди богата содржина со бројни претстави, промоции и изложби. Наградата за уметничко остварување на претстава во целина оди во рацете на ансамблот на Македонскиот народен театар за претставата „Страв и надеж“. „Јас, како традиционалист или конзервативец, можам да кажам дека со некои […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште едно успешно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Шеесеттото издание годинава понуди богата содржина со бројни претстави, промоции и изложби. Наградата за уметничко остварување на претстава во целина оди во рацете на ансамблот на Македонскиот народен театар за претставата „Страв и надеж“.

„Јас, како традиционалист или конзервативец, можам да кажам дека со некои претстави можеби не се согласувам, но имам око и уво да видам што е тоа што ме допира или ја допира публиката и едноставно за тоа се определуваш и го одделуваш од другите“, рече Снежана Коневска-Руси, претседателка на жири-комисијата на МТФ.

Она што годинава падна во очи при соопштувањето на наградите беше и недоделувањето на дури четири, инаку со години традиционални награди. Ги немаше наградите за рекламен материјал, за кореографија и сценски движења, за современа сценска драматизација и адаптација, па дури и наградата за современ драмски текст. Според жирито, но и според уметничката директорка на Фестивалот, ова е сигнал дека во македонскиот театар нешто значајно треба да почне да се менува, особено во корист на домашните театарски уметници.

Реклама

„Мене ми е за тоа многу жал и мислам дека смислата на Фестивалот е да прави промоција на македонската драма, јазикот, културата и традицијата и можеби, ако смеам нешто да сугерирам, во репертоарите на театрите би требало да се размисли да бидат застапени многу повеќе младите современи македонски писатели“, изјави Дарко Лукиќ, член на жири-комисијата од Хрватска.

„Сметам дека треба да бидеме похрабри во духот на ова што е овде напишано и да им даваме простор на луѓето што пишуваат. Јас сум една од тие луѓе што пишуваат. Драмскиот текст не е секогаш завршена верзија… Ајде директорите на театрите, продуцентите и режисерите да бидат похрабри и да поставуваат драми, македонски драми да поставуваат. Ги имаме“, посочи проф. д-р Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ.

МТФ „Војдан Чернодрински“ завршува вечерва со официјалното доделување на наградите и со претставата на белградското Драмско позориште „Црно злато“, која е праизведба на последната драма на нашиот Дејан Дуковски.