Стоп за прекумерната урбанизација на крајбрежјето и загадување на Охридското езеро со отпадни води-доколку под итно не се превземат мерки, за помалку од една деценија ќе нема спас за едно од 12-те најстари езера во светот,а тоа е Охридското,алармираат врвни домашни и странски природонаучници.
” Големата урбанизација, значи тоа е еден од клучните проблеми на Охридското езеро и недостатокот на правилен менаџмент на отпадните води дали се тоа комунални или индустриски. Значи ако продолжиме со вакво темпо на загрозување на езерото, некои проценки се дека за 10-тина години би можеле да очекуваме постепено исчезнување на одредени видови” –вели проф. Златко Левков-Природно математички факултет, Скопје
Со исчезнувањето на ендемичните растителни и животински видови, состојбата на Охридското езеро ќе стане драматична.Негрижата на државата со децении наназад е недозвлива и погубна за овој значаен екосистем.

“Државата треба да има јасна визија и јаснo поставени граници кои не смеат да се преминат зошто тоа ќе доведе до уништување на Охридското езеро, живиот свет во него и целата околина”-вели проф. Марија Глигора Удовиќ – Природно-математички факултет,Загреб
Стареењето на езерата е природен прцес,но несовесно однесување на човекот и запоставеноста на државата ќе го докрајчат едно од најзачајните екосистеми во светски рамки.
“Секое природно езеро поминува низ сукцесивен процес и секое езеро во одреден период ќе се претвори во ливада.Тоа е тешко да се прифати,но човекот го забрзува тој процес.Од друга страна секоја држава треба да ги заштити своите водни екоситеми кои се значаен извор за целата човечка популација” – вели проф.Јелена Кризманиќ, Биолошки факултет-Белград
За да не садиме пиперки, намето да пливаме во езерото, двете држави и Македонија и Албанија мора да соработуваат со научниците и сериозно да ги сфати препораките на Унеско и да се спротивстават на секоја сулуда идеја како онаа за организирање на трка со формули на вода на Охридското езери,укажуваат нашите соговорници.
Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски
