Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Стојков на Форумот за малцински прашања на Обединетите нации во Женева: Негаторската политика на Бугарија против Македонците е последната тоталитарна комунистичка политика во ЕУ и мора да престане

На 18-тата сесија на Форумот за малцински прашања на Обединетите нации, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 18-тата сесија на Форумот за малцински прашања на Обединетите нации, што се одржа во Женева, покрај лидерот на единствената македонска партија во Албанија,  Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски,  учествуваше и Стојко Стојков, претставник на Македонците во Бугарија, од ОМО Илинден Пирин.

-Јас сум Стојко Стојков, Македонец од македонското малцинство во Бугарија кое денес се бори за основно признавање на своето постоење. Откако официјално бевме признати како малцинство во Бугарија и уживавме некои права, подоцна бевме прогласени за непостоечки, прогонувани како предавници и асимилирани под комунистичкиот режим. Денес во демократска Бугарија нашето постоење останува негирано – политика утврдена со две парламентарни декларации и една одлука на Уставниот суд, рекол Стојков во своето обраќање.

Ова, додал,  резултираше со стотици судски одлуки кои го толкуваат секое тврдење дека македонското малцинство постои како закана за нацијата, државата и безбедноста. Поради тоа, не постои регистрирана партија или организација на македонското малцинство, без оглед на 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права против Бугарија.

Реклама

-Самото наше постоење го крши официјалниот наратив и се дочекува во медиумите и општеството со говор на омраза, прикажувајќи ги Македонците како национални предавници, странски агенти и непријатели, морални дегенерици и ретардирани. Таквиот говор е нормализиран и никогаш не се казнува, посочил тој.

Нагласил дека сето ова го исклучува малцинството од општествениот и политичкиот живот, кое „не може да се претставува себеси, ниту некоја друга партија се осмелува да се залага за правата на Македонците“.

-Македонците денес немаат никакви малцински права во Бугарија, а државата отфрла секаков обид за дијалог со нив, и покрај сите препораки на институциите за човекови права. Бидејќи Европската Унија ги остави малцинските права на милост и немилост на националните држави, тоа де факто се претвори во европски благослов за оваа политика на негирање, асимилација и дискриминација кон едно малцинство во рамките на Европската Унија, навел Стојков.

Според него „оваа политика создаде конфликт со Македонија и ја блокира нејзината евроинтеграција, загрозувајќи ја регионалната безбедност”.

-Оваа политика придонесува за создавање индустрија за корупција од милијарда евра со трговија со бугарски државјанства. Оваа политика против Македонците денес е последната тоталитарна комунистичка политика во Европската Унија и мора да престане, порачал Стојков, пренесува весникот „Илинден“.