Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки

Сите ние родители сме поминале во еден период во животот кога сме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите ние родители сме поминале во еден период во животот кога сме имале мака со запишување на дете во детските градинки. И јас како родител сум ја имал истата ситуација и затоа сериозно му пристапувам на проблемот и работам во континуитет да ги подобрам условите за сместување и да ги зголемиме сместувачките капацитети во нашите градинки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува изјавата на актуелниот и кандидат за иден градоначалник на Општина Жорќе Петров Александар Стојковски.

Денес имаме една многу убава вест,

Нова детска градинка во Дексион. Проект којшто го најавувам подолго време, а денеска го потпишав Договорот, почнуваме со изградба веднаш. Покрај оваа детска градинка, во моментов ја градиме и детската градинка во Стопански двор, тоа е во напредната фаза.

Реклама

Со тоа го зголемуваме капацитетот за сместување за дополнителни најмалку 220 деца, на ниво на општината Ѓорче Петров.

Дополнително, во нашата изборна програма ветувам изградба на уште три детски градинки, вкупно 5 детски градинки во наредниот мандат. Две во населбата Диво Маало, и во близина на Македонска војска и една за жителите на населбата Александрија.

Децата ни остануваат во фокусот, и грижата за најмалите и понатаму ќе биде приоритет број еден за да ги надминеме проблемите коишто ги имаме и за идните генерации да не го поминуваат истиот пат низ кој што сме оделе ние.