Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Стојкоски: Ѓорче доби осум нови спортски терени

Ѓорче Петров, пријател на спортот и спортистите, Почитувани, во изминатиот мандат покажавме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ѓорче Петров, пријател на спортот и спортистите,

Почитувани, во изминатиот мандат покажавме и докажавме дека кога се сака, кога се има визија и се работи, може да се даде сериозна поддршка на спортот, на спортските работници, на индивидуалните спортисти, на колективните клубови, може да се инвестира во инфраструктурата што значи современи услови за развој на спортот во сите дисциплини.

Успеавме да изградиме осум нови спортски терени, дел на вештачка трева, и дел на најсовремена тартан подлога, а во моментот градиме уште два – едниот на Полјана во Хром и вториот на ул.„Шидска“. 

Реклама

Во новата програма се обврзуваме на дополнителни работи во делот на спортската инфраструктура, изградба на три нови современи спортски комплекси – во Стопански Двор, во Волково-Пржина и во месноста викана Полјана во Кучково каде што Ѓорче Петров ќе ја добие и првата арена на спортовите. Дополнително, се обврзуваме да инвестираме во изградба на нова спортска сала за учениците од ООУ „Јоаким Крчоски“-подрачното во с.Никиштане, да извршиме реконструкција и да прераснат во спортски центри дворовите на ООУ „Тихомир Милошевски“, и ООУ „Ѓорче Петров“.

Ќе поддржиме и ќе ја зголемиме поддршката за индивидуалните спортисти и за колективните спортови. Свесни сме и работиме на тоа да во Ѓорче Петров секој еден има услови да се развива и да се гради низ спортот. 

Ќе продолжиме со поддршка на општинскиот училишен спорт и на лигите, ќе продолжиме со поддршка на традиционалните турнири во Ѓорче Петров. 

Спортот е здравје, спортот е начин на живеење, спортот е она што е иднината за секое наше дете овдека во Ѓорче Петров. 

Направете го вистинскиот избор!