Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Стојаноски: Заемот од Унгарија ќе биде искористен за инфраструктурни проекти во општините од 250 милиони евра и 250 милиони евра за евтини кредити кон стопанството

„Очекував да се пријави за збор Венко Филипче бидејќи тој ја држеше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Очекував да се пријави за збор Венко Филипче бидејќи тој ја држеше прес конференцијата и да ги каже сите детали кои што ги соопшти на прес конференцијата но никогаш ни не дошол да дискутира во Собранието и тоа бегање приличи на вашето однесување. Останува да се демантираат неколку теми и да се објасни која е реалната суштина за која овој заем ќе служи. Економијата е една од клучните теми за која СДС беше катастрофално поразена. Транспарентно е донесен бидејќи е усвоен на влада и сега ќе се усвои во собранието“, кажа Бојан Стојаноски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ  на седницата за законското решение за заемот од Унгарија и додаде:

„Овој заем доминантно ќе биде искористен за две цели. Прво за финансирање на инфраструктурни проекти во општините во износ од 250 милиони евра а второ за финансирање на кредити на евтини кредити кон стопанството од 250 милиони евра“, рече Стојаноски.

Стојаноски потенцира дека општините ќе добијат 250 милиони евра за инфраструктурни проекти.

Реклама

„За финансирање на инфраструктурни проекти по она што го соопшти министерот за Локална самоуправа, 80 општини за 357 апликативни формулари имаат поднесено за финансирање на проекти. Тоа значи дека за 6 дена ќе заврши процесот на евалуација на тие проекти и тие проекти кои што ќе бидат избрани со ресорните министерства во договор со општините таквите средства веднаш ќе бидат префрлени на наменски сметки во општините“, истакна Стојаноски.