Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија и единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт. Со лажење и манипулирање, но заборавате една важна работа а тоа е дека на лагата и се кратки нозете. Не сум загрижен за тоа што вие како партија го правите, бидејќи мора нешто да направите соочени сте прво со историски пораз, а потоа со неуспеси во вашите политики“ , изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Стојаноски јасно истакна дека СДС мора да научат да се насочат кон  реал политика и да не шират дезинформации. Дополнително додаде дека бедна е нивната намера да се обидуваат да го манипулираат народот со лаги кои постојано им се рушат.

„Но мене она што ми пречи е што тие лаги кои ги кажувате имаат последици во општеството. Политичарите треба да се научат дека кога креираат политика и кога се во политички партии треба да бидат сериозни и не треба да креираат политики коишто се базираат на лаги“ , додаде Стојаноски.

Реклама

Стојаноски посочи дека СДС единствено што остави е долг на идни поколенија исто така јасно даде до знаење дека СДС нема кредибилитет да нуди политики. Затоа што СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија.

„Знаете кој ќе враќа три поколенија пари? Ќе ги враќа Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тие коишто ги зема СДС, коишто ги испокраде. Политика се води кога е човек е сериозен, економија се креира без вакви евтини лаги  коишто треба да купат одреден ден или да тераме политика купи-ден продај. За ваше добро е да бидете посериозни кога ги општите овие работи во јавност затоа што е смешно. Во иднина посериозно гледајте на овие суштински работи“, дециден беше Стојаноски.