Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Стојаноски: САД имаат клучна улога како стратешки партнер на Македонија, опозицијата се политички глодари

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, неодамна се врати од посета на САД.…

Сподели:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, неодамна се врати од посета на САД. Таму оствари низа средби и испрати порака дека Македонија има вистински пријател.

Во интервју, Стојаноски зборуваше за важноста на посетата, за низата средби во САД, за трагедијата во Кочани и што се залага да биде преземено. Испрати и остра порака за однесувањето на опозицијата.

„Сметам дека САД се најсериозниот стратешки партнер на Македонија. И ако погледнете во историјата, но и ова што се случува сега, јас сметам дека како држава ние имаме и треба да имаме два стратешки интереси, од кои едниот е веќе делумно исполнет – да бидеме членка на НАТО, членка на ЕУ, но и да имаме силни стратешки врски со САД. Ние кажавме дека како Влада која е избрана од граѓаните имаме перспектива да работиме и на едната стратешка цел, но и да ја доближуваме Македонија кон администрацијата на САД. Бидејќи навистина не можеме ништо да загубиме, можеме само да добиеме. Силен сојузник. И воено не поддржува од аспект на доекипирање на нашата Армија, но и сите оние демократски достигнувања кои ги имаме од независноста натака се должат на исклучително блиската соработка на Македонија со САД. Имав можност да бидам присутен, да остварам неколку средби на национално, но и на државно ниво во Вермонт, и тоа што го имав и го стекнав како впечаток е дека како држава сме ценети како еден силен сојузник на САД, како една членка на НАТО која контрибуира и со средства од БДП и со учество на мисиите, но и со сето она како политики кои ги имаме и тоа како можеме да се потпреме на поддршката од САД и во наредниот период“, рече Стојаноски.

Реклама

Тој објасни како текле средбите, што било разгледано за Македонија и какви добробити може да се добијат за државата, како и каква е оцената за работата на македонската Влада.

„Ја отворивме и најтешката тема – Што по трагедијата во Кочани?“

Македонија е завиена во црно по 16-ти март. Стојаноски зборуваше за тоа дека се потребни промени, пред сè законски, за ваква трагедија никогаш да не се повтори.

„Размислувавме и веќе неколку недели наназад работиме на многу закони, заедно со многу институции, кои треба да пристигнат во Собранието, каде што едноставно ќе успееме да создадеме регулаторна гилотина за повеќе да не се случуваат вакви пропусти во системот. Разговараме со Министерството за транспорт, Министерството за економија и труд, разговаравме со министерот за дигитална трансформација како одредени процеси да ги дигитализираме, како да направиме и засилени контроли и да им дадеме можност на институциите позасилено да постапуваат и вакви ситуации да не се случуваат. Веќе го донесовме и изгласавме законот да не се употребува пиротехника во затворени простории, нешто што беше поздравено и од Државната комисија за спречување на корупција. Сакаме да направиме една сериозна анализа на постоечките законски решенија, но и да направиме една сериозна траекторија на движење на надлежностите на институциите. Бидејќи џабе ако менувате законски решенија ако потоа не се имплементираат и ако нема кој да ги исконтролира. Тоа што се случи беше резултат на една одредена неказнивост која изминативе години беше толерирана и каде можеше да се види дека дури и на вакви трагедии луѓе може да се извлечат без притоа некој да одговара…“, рече Стојаноски.