Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Стојаноски: Ние како членови на Анкетната, подготвени сме да работиме и 24 часа, со цел постапката да е темелна

Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Анализа“ на 24 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетна комисија  која како што вели, е формирана да ги разгледа сите трагедии. Тој истакна дека комисијата ќе трае 45 дена и дополнителни 30 за изготвување извештај, при што секое релевантно лице ќе може да биде предложено и сослушано, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметавме дека треба да се даде шанса при таква една Анкетна комисија, да се разговара за сите 138 жртви за сите оние трагедии кои што се случија, затоа што сметавме дека на таков начин сите треба да ги изведеме пред парламентот и преку една Анкетна комисија да дадеме одговори на сите прашања“, вели Стојаноски и додава:

„Јас не сметам дека тоа е криење или бегање, или саботирање туку е еднаква шанса, заради тоа што и во нашата предлог одлука беше инволвирана оваа трагедија како прва, бидејќи во сите оние одлуки кои што се поднесуваат има начин на кој што се тие формираат согласно Деловникот. Не можам да се согласам со тврдењето дека ние нешто саботираме, дека од нешто бегаме, кога секако овој случај ќе го добие приоритетот во рамки на таа правна рамка во која што е донесена одлука“.

Реклама

Стојаноски вели дека двете одлуки прецизно ја утврдуваат работата на Анкетната комисија, која ќе трае 45 дена, а по завршувањето следува дополнителен рок од 30 дена за изготвување на извештај, и доставување на истиот до надлежните институции.

„Во двете одлуки е дефинирано дека таа Анкетна комисија во согласност и во координација меѓу сите оние кои што членуваат, може да донесе Деловник на работа, но и  сите гости и сведоци динамиката на работа треба да биде утврдена помеѓу сите пратенички групи. Таму вели дека од моментот кога ќе почне, до моментот додека заврши со работа има 45 дена. Не сметам дека е малку, затоа што ако се има волја, се наоѓа и начин како тоа да се заврши. Веднаш кога ќе завршат тие 45 дена, имаме 30 дена рок да го изготвиме извештајот и да го поднесеме до сите релевантни институции“, истакна Стојаноски.

Тој нагласи дека подготвени се да работат дури и 24 часа, доколку е потребно, со цел постапката да биде темелна.

„Нашиот предлог е ако треба ќе работиме 24 часа, но  секој оној кој што е инволвиран, и секој оној кој што сака да предложи некој да биде сослушан, ќе добие шанса“, посочи Стојаноски.