Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Стојаноски: Геријатрија го демантира Филипче дека епидемијата со корона е под контрола

Додека владата на СДСМ и нејзините челници прогласуваат успешно справување и т.н.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека владата на СДСМ и нејзините челници прогласуваат успешно справување и т.н. „победа” во борбата против пандемијата со КОВИД 19, во здравствената установа Геријатрија – Скопје, имаме детектирано нов кластер и тоа токму помеѓу најранливата категорија на граѓани, обвини доктор Синиша Стојаноски.

-Официјалните одговорни лица велат дека корона вирусот не познава граници кога е во прашање возраста. И да, во право се, а тоа веќе и се покажа на дело. Во здравствената установа Геријатрија – Скопје за неколку дена има околу 17 ново заболени. Од Специјализираната болница „13 Ноември“ во Скопје, позната уште и како Геријатрија – Скопје, во официјалното соопштение велат: „Веднаш е постапено согласно протоколите, за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработените за спречување на ширење на инфекцијата како и мерки за дезинфекција“. Прашуваме зошто и како, ако веднаш е постапено според протоколите, имаме случај на интрахоспитална ширење на заразата и зошто бројката за неколку дена достигнува 17 лица заразени со корона вирусот? Ова не смее и во никој случај не може да се третира како обична вест. Исто така, под никакви услови не смее да се оправда со тезата дека корона вирусот не познава граници кога станува збор за возраст, истакна тој.

Стојаноски прашува: Дали воопшто е иницирана  постапка за откривање на причините за овој нов кластер и дали некој ќе понесе одговорност за овој случај?

Реклама

-Колку за споредба, во соседна Србија, во првиот момент кога се дијагностицираа поголем број на заразени со корона вирусот во Геријатрискиот дом во Ниш, веднаш реагираше владиниот кризен штаб. Министерството за внатрешни работи го повика на одговорност директорот на институцијата поради основан сомнеж за тешко казнено дело против здравјето на луѓето, а во врска со неспречување на пренесување на високо заразна болест. Така реагираат институциите на системот кои што се функционални.          Не денес, не утре, туку уште вчера требаше да се поведе постапка за утврдување на причините на овој нов кластер и веќе да имаме резултати од истата.  Но, како што можете да посведочите, за жал, такво нешто не се случува. Прашуваме дали надлежните и одговорните неколку дена се обидуваат да го релативизираат случајот? Проценете сами. Со ваквиот начин на делување само се потврдува фактор дека победата прогласена врз корона вирусот е далеку од вистината, порача тој.