Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Стојаноски: СДСМ преку ноќ го менува ставот за техничката влада, од изјави во минатото за нејзино укинување до одбрана

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски дебатираше на повеќе теми меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски дебатираше на повеќе теми меѓу кои и за техничката влада, истакнувајќи дека СДСМ имаат променливи ставови во однос на техничката влада, посочувајќи дека истите политички актери кои денес имаат поинаков пристап, во минатото се залагале за укинување на техничката влада. Притоа како примери ги наведе изјавите на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Стојаноски нагласи дека техничката влада е нефункционална, го нарушува имиџот на државата и претставува финансиски товар. Според него, ваквиот модел не постои во европските демократии и не придонесува за ефикасност на институциите.

„Кога зборуваме за консензуално донесен закон јас навистина сум збунет, е сега со кој СДС ние зборуваме, затоа што политичките актери во СДСМ и тогаш и сега беа исти, дали оние кога беа на власт и кога велеа дека техничката влада треба да се укине како ентитет, има такви изјави безброј, од поранешниот претседател Ковачевски па и Зоран Заев па и тогашните министри кои што се сега пратеници или некој друг СДСМ кој што ете преку ноќ смета дека оваа влада не треба да постои. Тоа е едното прашање. Ние од кога бевме опозиција баравме таа влада да престане да постои, заради тоа што, прво, не е функционална, второ, апсолутно го нарушува имиџот на државата заради тоа што во Европа не пости друга влада и трето, чини многу пари“, рече Стојаноски.

Реклама

Стојаноски во емисијата упати критики кон СДСМ поради нивната неконзистентност и недоволна ангажираност во комисиската расправа за Законот за укинување на техничка влада, потенцирајќи дека и покрај јавните настапи и изјавите не поднеле ниту еден амандман.

„Не е во ред вие да имате прес-конференција во Собранието, неколку дена да ја актуелизирате темата во јавноста, а на крај да дојдете на Комисијата за политички систем со нула амандмани, повторувам СДСМ на комисиската расправа за Законот за укинување на техничка влада имаше нула амандмани, ДУИ имаше тринаесет. Ама СДСМ да вели дека ова е рушење на систем, дека се нарушува принципот на консензуалност, дека ќе го напуштат Собранието, а на комисиската расправа вие да немате ниту еден амандман тогаш тоа укажува на нешто. Тоа знаете на што е еднакво, исто како оној балон пуштен во јавноста со црвените линии, којшто никогаш и не дојде на Собранието. Така да не е исклучена таа можност да се најави нешто бомбастично, а потоа од реализацијата да отсуствува комплетно“, вели Стојаноски.