Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стојаноски: Предложени законски измени со кои платите на функционерите се намалуваат за 10-13 илјади денари, средствата остануваат за граѓаните

Платите на избраните и именуваните функционери ќе се намалат за 10 до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платите на избраните и именуваните функционери ќе се намалат за 10 до 13 илјади денари, а кај некои од позициите и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата – изјави денеска пратеникот од ВМРО‑ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од предлог-измени на шест закони, со кои тоа ќе се постигне. 

– Како група пратеници во Собранието, официјално поднесовме пакет од предлог-измени на шест закони, со кои го регулираме прашањето на платите на избраните и именуваните лица во државата.Основната цел на овие измени е воспоставување поправична распределба на буџетските средства, при што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата – истакна Стојаноски.

Тој информира дека група пратеници поднеле пакет од шест закони, кои ги опфаќаат платите на пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот и Обвинителскиот совет, како и градоначалниците.

Реклама

– Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите, со што се обезбедува рационално користење на средствата од буџетот – рече тој нагласувајќи дека измените се целосно во согласност со Уставот.

Според предложените измени, се предвидува платите на пратениците и на функционерите во извршната власт да се намалуваат преку пониски коефициенти. Кај судиите и обвинителите се врши усогласување со економските можности, а за градоначалниците се воведува нова скала според бројот на жители.

Стојаноски информира дека заштедените средства ќе се пренаменат за здравство, образование и социјала, а намалувањето ќе важи веќе со исплатата на февруарската плата.

Пратеникот најави дека утре ќе биде закажана пленарна седница, на која ќе се гласа потребата од донесување на законите. Појасни дека со дадениот рок од Деловникот од шест часа веднаш ќе бидат закажани законите и потоа ќе бидат вратени на пленарната седница и уште утре ќе бидат изгласани.