Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Стојаноски: Македонија лидер во Реформската агенда, лагите на Филипче повторно демантирани, добиваме најголема поддршка од цел регион

Филипче лажеше за мигранти, лажеше дека државата ќе банкротира, лажеше дека е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче лажеше за мигранти, лажеше дека државата ќе банкротира, лажеше дека е празен Буџетот, лажеше за ИПАРД фондовите, лажеше за Реформската агенда и изјавите на Вајц, Филипче нема за што не излажа. И како за се, веднаш доаѓа демант од релевантните институции, стои во соопштението од прес-конференцијата на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е најнапредна во Реформската агенда, со највеќе средства доделени од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра, пред фронтранерите Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра.

Ова е за Јануарскиот извештај, за којшто претседателот Мицкоски истакна дека ќе бидеме први, и тоа така испадна.

Реклама

Во Република Македонија, оценетите реформи вклучуваат мерки за подобрување на финансирањето на основното и средното образование и мерки за проширување на пристапот до дигиталната инфраструктура и ИТ опрема во училиштата. Од 65,7 милиони евра, 30,6 милиони ќе бидат префрлени во државниот буџет, додека останатите средства се достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Доколку се оди според планот, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски работи напорно тоа да биде реализирано, Македонија за јуни месец ќе ја удвои сумата и повторно ќе бидеме први во исполнувањето на Реформската агенда.

Секоја изнесена теза на Филипче се руши како кула од карти. Секоја лага на Филипче се распрснува како меур од сапуница.

Македонија ќе биде лидер во исполнувањето на Реформската агенда, а со тоа ќе бидат искористени и средствата кои се предвидени согласно планот за раст.