Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стојаноски: 18.000 нови работни места во последните шест квартали, економијата се движи во позитивна насока

Денес сакам да споделам неколку важни податоци кои јасно покажуваат во која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес сакам да споделам неколку важни податоци кои јасно покажуваат во која насока се движи економијата и пазарот на труд во нашата држава. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во изминатите шест квартали во Македонија се креирани околу 18.000 нови работни места, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Бројот на вработени порасна од околу 691 илјади на над 709 илјади граѓани кои денеска се во работен однос.

Ова е јасен показател дека економските политики даваат резултат и дека економскиот раст се претвора во реални можности за работа и подобар стандард за граѓаните.

Реклама

Истовремено, овие позитивни трендови не се случајни. Тие се резултат и на инвестициите кои се реализираат во државата, особено во индустријата, инфраструктурата и технолошко-индустриските зони, но и на политиките на владата за меки кредити кон стопанството и успешниот план за раст.

Во моментов имаме договорени 17 инвестиции во ТИРЗ зоните, кои во наредниот период треба да донесат околу 5.000 нови работни места.

Тоа значи дека трендот на отворање нови работни места ќе продолжи и во наредниот период.

Паралелно со растот на вработеноста, се намалува и невработеноста.

Според последните податоци, стапката на невработеност е намалена на 11,4 проценти, што е значително подобрување во однос на претходните години.

Со други зборови, имаме повеќе луѓе кои работат, повеќе инвестиции во економијата и постепено намалување на невработеноста.

Нашата цел останува јасна – да продолжиме со политики кои носат инвестиции, отвораат нови работни места и создаваат стабилна економија во која граѓаните ќе имаат сигурност и перспектива.

Ќе продолжиме со поддршка на стопанството, со нови инвестиции и со мерки кои ќе придонесат за уште поголема вработеност и економски раст.