Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Стојаноска: До кога Ислам Абази ќе биде џелатот на правдата, по насока на Ахмети, Филипче и Заев

Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, е доказ за големото влијание кое Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев го имаат врз обвинителството и судството, или во случајов врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред само една година, обвинителството кое го води Ислам Абази, побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа што сметаа дека осомничените може да се дадат во бегство или да влијаат врз сведоци во постапката, за денес – година дена подоцна истите овие обвинители, да одлучат дека нема основ да се продолжи овој случај.

Оваа контрадикторност од страна на обвинителството кое го води Ислам Абази е само поради лукративно политички основи, а не на правни или обвинителски аргументи.

Реклама

Целата јавност во овој скандалозен случај, виде перење на пари, криминал и труење на животната средина, само Ислам Абази не виде ништо.

Денес поставуваме 3 прашања за кои очекуваме одговори:

Прво, го пoвикуваме Башким Бесими од Советот на јавни обвинители, кој меѓу другото е роднина на поранешниот министер за финансии од редовите на ДУИ, Фатмир  Бесими, да каже зошто Советот на јавни обвинители треба да седи на страна, кога е евидентно дека имало влијание од страна на Ислам Абази во случајот наречен „Мазут’’?

Второ, обвинителката Катерина Коларевиќ да каже како има утврдено дека нема никаква штета во случајот вреден 167 милиони евра, кога целата јавност виде и слушна за финансиска и еколошка штета, за која и АД ЕСМ поднесе жалба до повисоките судски инстанци?

И трето, за крај и најважното, до кога Ислам Абази, кадарот на Ахмети, Филипче и Заев, планира да биде џелатот на правдата и да испорачува за ова криминално трио?

Сѐ додека правосудството во Македонија е предводено од ликови како Ислам Абази, вакви контроверзни одлуки во полза на СДСМ и ДУИ ќе доминираат.

Ислам Абази треба да си поднесе оставка и веднаш да го остави обвинителството во рацете на професионалците кои поради него и таквите како него, не можат да дојдат до израз.