Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Прилози

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за наведување на самоубиство

Максимална 12 годишна затворска казна доби Стојанче Јовановски зошто и ја загрозил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Максимална 12 годишна затворска казна доби Стојанче Јовановски зошто и ја загрозил сигурноста на сопругата и нанел телесни повреди и ја навел на самоубиство. Кривичниот суд во Скопје го осуди на 5 години за тепањето, 3 години за загрозување на сигурноста и уште 5 години за наведување на самоубиство, но согласно Законот за одмерување казни, изречена му е единствена казна затвор од 12 години. Јовановски мирно без да се помрдне и изусти ниту збор во празната судница во која немаше никој од неговото и семејство на сопругата, ја слушна пресудата.

Обвинителката Адела Бојчевиќ и адвокатката на оштетените Неда Чаловска Димовска се задоволни од одлуката на судот. Според нив, оваа осуда испраќа силна порака до јавноста, дека семејното насилство во иднина нема да се толерира

„Во оваа фаза од постапката имајќи го предвид фактот дека станува збор за првостепена пресуда којашто не е правосилна, и која верувам дека одбраната ќе ја обжали, Судот ја изрече максималната казна затвор за сите три кривични дела“,рече Бојчевиќ.

Реклама

„Сметам дека ова е голем чекор што во иднина треба да се следи заради тоа што во случаи на самоубиство понатаму државните институции треба да истражуваат дали било поради долготрајно семејно насилство како што беше во овој случај“, рече Чаловска.

Според пресудата, на 2 март, од 11 до 12:20 часот, на повеќе локации, обвинетиот со умисла вршел семејно насилство и физички ја нападнал својата сопруга Ивана, нанесувајќи ѝ телесни повреди. Насилството продолжило и во периодот од 12:45 до 13:35 часот, кога упатувал сериозни закани по нејзиниот живот, предизвикувајќи кај неа силно чувство на страв, несигурност и вознемиреност. Заканите следувале откако заедно со сведокот Мартин Саздов, заминале до училиштето „Песталоци“ за да ја земат нивната ќерка Катја и се упатиле кон својот домот.

Во текот на судската постапка било утврдено дека обвинетиот последните три години, на повеќе локации во Скопје и во нивниот дом, континуирано се однесувал сурово, насилно и нечовечно кон оштетената, која била материјално зависна од него.

Судот утврдил дека долготрајното психичко и физичко насилство кај оштетената предизвикало тешка психичка состојба, чувство на безизлезност и целосна емоционална исцрпеност. Како директна последица на таквата состојба, таа го одзела сопствениот живот, скокајќи од тераса заедно со нивната шестгодишна ќерка.