Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стевчо Јакимовски на 2 јули треба да се јави во затвор

Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје му издаде упатен акт на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за издржување на едногодишната казна затвор. Како што соопштуваат од Кривичен суд, осудениот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година. Претходно, Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје му издаде упатен акт на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за издржување на едногодишната казна затвор. Како што соопштуваат од Кривичен суд, осудениот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.

Претходно, Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената пресуда во предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош и ја потврди едногодишната затворска казна за кривичното дело бесправно градење. Во казната ќе му биде пресметано и времето поминато во куќен притвор од 19 март до 15 август 2019 година.

Во делот за кривичното дело злоупотреба на службената положба, жалбата на обвинетиот е уважена и предметот е вратен на повторно судење. Според судот, станува збор за дејствија од периодот 2011–2017 година, за кои постои можност за застарување во 2027 година.

Реклама

Основниот кривичен суд Скопје во април минатата година му изрече на Јакимовски вкупна казна затвор од три и пол години за бесправно градење и злоупотреба на службената положба поврзани со изградбата на општинската зграда во Карпош.