Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стерјовски: Во Женева на Форумот за малцинствата при ОН се слушна гласот на Македонците од Албанија

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, денеска во Женева учествуваше на Форумот за малцинствата при Обединетите нации, со која претседаваше Николас, специјален известувач на ОН за малцински прашања.

-Во Обединетите Нации, се слушна гласот на Македонците од Албанија со гордост и непоколебливост. За мене, го кажав тоа и пред учесниците, беше посебна чест да учествувам на овој Форум и да имам можност да ја презентирам состојбата на нашата заедница, која отсекогаш била мирољубива, конструктивна и лојална на албанската држава и придонела во секој сектор на албанското општество, изјави Стерјовски.

Додава дека во обраќањето презентирал дека македонската заедница во Албанија е автохтоно население, кое традиционално живее по границата со Македонија – во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник, како и во поголемите градови низ целата земја.

Реклама

-Официјално сме признати како малцинство само во регионот на Преспа и македонскиот јазик се изучува исклучиво таму. Една од нашите главни грижи е неможноста за пристап до образование на мајчин јазик низ цела Албанија, каде што има побарувачка и демографска основа, што е суштинско право за заштита на малцинствата. Дополнително, Македонците остануваат недоволно застапени во јавните институции, вклучително и локалната администрација и секторот за јавни услуги, рекол тој.

Посочил дека друга сериозна загриженост е недостигот на државни инвестиции во регионите населени со Македонци, особено во инфраструктурата како што се патишта, водоснабдување, канализациски системи, здравствени услуги и стабилно снабдување со електрична енергија. Овие услови, констатирал, принудуваат многу Македонци да ги напуштат своите домови и да мигрираат во или надвор од земјата во потрага по подобри услови за живот.

-Во Албанија не постојат законски загарантирани парламентарни квоти за малцинствата, што е воспоставен стандард во неколку европски држави. Друга празнина е отсуството на редовна програма на македонски јазик на албанската државна телевизија, што е од витално значење за зачувување на јазикот, културното и информативното учество во општеството. Зачувувањето на македонскиот идентитет бара систематска државна поддршка преку финансирање на културни активности, медиуми и организации што го претставуваат нашето малцинство, навел Стерјовски во обраќањето.

Исто така, додал, дека е итно албанската влада да обезбеди наменски буџет за развој за регионите каде што живеат Македонци, зашто повеќе од 35 години, овие области остануваат економски маргинализирани, спречувајќи рамномерен социјален и економски развој.

-Во последниве години, нашата заедница се соочи и со политички притисок од Бугарија, која, користејќи ја својата позиција во рамките на Европската Унија, се обидува да ги асимилира Македонците во Албанија. Ова вклучуваше политички условувања поврзани со патот на Албанија кон ЕУ. Во 2017 година, Албанија призна непостоечко бугарско малцинство без да исполни никакви законски критериуми, под директен притисок поврзан со закани за одложување на преговорите со ЕУ. За време на пописот во 2023 година, албанските институции не успеаја да гарантираат слободен и непристрасен процес на самоидентификација на Македонците, додека на бугарските власти им беше дозволено да влијаат на пописот во областите каде што живеат Македонци, со цел да манипулираат со демографските податоци, нагласил Стерјовски.

Според него директно од специјалниот известувачот, Леврат побарал поддршка во промовирањето на целосен пристап до образование на македонски јазик, секаде каде што се бара, фер политичка застапеност и законски квоти, програми на јавни медиуми на македонски јазик, економски развој на регионите населени со Македонци и заштита од надворешно политичко мешање во нашиот идентитет.

-Нашата цел не е конфронтација, туку еднакви права, достоинство и вистинска заштита на малцинствата во согласност со меѓународните стандарди. Гоема почит за вашето внимание и за работата што ја работите за заштита на малцинските заедници низ целиот свет, посочил тој.

На крајот од говорот Стерјовски го поканил Леврат да дојде во посета во Албанија и одблиску да се запознае со положбата на македонското малцинство.