Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стерјовски на ГС на ЕФА: Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени, а многу македонски деца сè уште немаат пристап до образование на мајчин јазик

Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник. Ние го зачувавме нашиот јазик, традиции и идентитет низ тешки историски периоди. Сепак, и покрај формалното признавање, многу од нашите права остануваат само делумно спроведени, рече лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник. Ние го зачувавме нашиот јазик, традиции и идентитет низ тешки историски периоди. Сепак, и покрај формалното признавање, многу од нашите права остануваат само делумно спроведени, рече лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што се одржува во Гандија, Шпанија.

-Чест ми е што се обраќам пред ова Генерално собрание во име на МАЕИ, политичкиот претставник на македонското малцинство во Албанија и да предложам Резолуција за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија. Овој документ не се однесува само на правата на една малцинска заедница, таа се однесува на заштитата на основните вредности кои ја дефинираат Европа. Се работи за човековото достоинство, еднаквите права, демократските принципи, културната разновидност и фундаменталната слобода на секој човек да ја прогласи и зачува својата идентификација без страв или дискриминација, рече тој.

Додаде дека премногу македонски деца сè уште немаат пристап до образование на својот мајчин јазик „нашите заедници и понатаму се недоволно претставени во јавните институции а регионите каде што живеат Македонците продолжуваат да се соочуваат со економско занемарување, депопулација и миграција“.

Реклама

-Истовремено, сведоци сме на сè поголеми притисоци насочени кон оспорување и редефинирање на идентитетот на Македонците во Албанија. За идентитетот не може да се преговара, тој не може да се наметнува, купува или менува преку политичко влијание. Тоа е вродено право кое му припаѓа единствено на поединецот и на самата заедница. Почитувањето на самоидентификацијата е еден од фундаменталните принципи врз кои е изградена модерна Европа. Меѓународните стандарди за човекови права се јасни: секој човек има право слободно да го определи и изрази својот идентитет, без притисок, дискриминација или надворешно мешање, нагласи Стерјовски.

Посочи дека процесот на проширување на Европската Унија треба да биде алатка за промоција на демократијата и заштита на правата и оти  никогаш не смее да стане механизам преку кој се оспоруваат малцинските идентитети или преку кој човековите права се условуваат со политички интереси.

-Нашата резолуција ја повикува Албанија целосно да ги спроведе малцинските права, да го зајакне политичкото претставување, да инвестира во малцинските региони и да гарантира слободни и фер процеси на самоидентификација. Исто така, ги повикува европските институции будно да ги следат овие прашања и да осигураат дека вредностите на ЕУ се применуваат доследно и еднакво. Европа е најсилна кога ја штити својата разновидност. Денеска ја барам вашата поддршка не само за македонското малцинство во Албанија, туку и за принципот дека секоја заедница во Европа има право да постои, да биде признаена и да напредува без страв, притисок или дискриминација. За принципот дека Европската Унија мора да остане заедница на вредности, каде што човековите права се штитат еднакво и без двојни стандарди, нагласи тој.

Порача дека со поддршката на резолуцијата „вие застанувате зад македонското малцинство во Албанија, но и зад секоја малцинска заедница во Европа која бара признавање, достоинство и еднакви права“.