Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Стерјовски и Ана Соле Мена, разговарале за зачувувањето на малцинските јазици како дел од европскиот идентитет

Претседателот на македонското друштво „Сонце” и лидер на единствената македонска партија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на македонското друштво „Сонце” и лидер на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, Васил Стерјовски оствари средба со Ана Соле Мена, виш експерт за повеќејазичност во Европската комисија.

-Разговаравме за важноста што Европската унија ѝ ја придава на повеќејазичноста и на зачувувањето на малцинските јазици како дел од европскиот идентитет. Ана Соле Мена ја истакна важната улога на европските програми Erasmus+ и Horizon Europe, кои обезбедуваат можности за изучување јазици, технолошки развој и продлабочување на меѓународната соработка, информираше Стерјовски.

Таа нагласила дека јазичната разновидност претставува огромно богатство за Европа, придонесувајќи за поголема мобилност, соработка и општествена кохезија.

Реклама

-Во разговорот ја запознав и со состојбата на Македонците во Албанија и со нашите заложби за зачувување и унапредување на македонскиот јазик, култура и идентитет, додаде тој.

Искажав верба, нагласува, дека европските политики и програми за поддршка на јазичната разновидност отвораат нови перспективи за македонската заедница во Албанија, особено за младите генерации, образованието и примената на современи технологии во заштитата на мајчиниот јазик.