Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја нагласил потребата „сојузниците на НАТО да поддржат и да стигнат до пет проценти издвојување за одбраната“.

– На средбата беше нагласена силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и  Македонија и беа истакнати заедничките интереси за регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.  Тие ги разгледуваа можностите за проширување на економската соработка, вклучително и трговијата и инвестициите. Секретарот ја нагласи потребата сојузниците на НАТО да поддржат и да стигнат до пет проценти издвојување за одбраната, се посочува во соопштението по средбата Рубио – Муцунски.

Од Министерството за надворешна политика и надворешна трговија,информираа дека биле разменети и мислења за безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции над два проценти од БДП во одбранбениот сектор.

Реклама

Како што соопшти Министерството, двајцата соговорници ја потврдиле извонредната соработка меѓу двете држави, која е заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство.

– Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на македонската Влада кон унапредување на политичкиот дијалог со САД, како и конкретната заложба за институционализирање на стратешкото партнерство преку спроведување на заеднички Акционен план, се наведува во соопштението.

Во рамки на разговорот  Рубио-Муцунски биле разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес за потпишување Договор за слободна трговија.

Министерот Муцунски ја истакнал отвореноста на македонската Влада кон унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во земјата.