Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Статистиката носи умерен оптимизам – сиромаштијата во благ пад

Стапката на сиромаштија се намалила од 22,2% во 2023 на 21,9 отсто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стапката на сиромаштија се намалила од 22,2% во 2023 на 21,9 отсто минатата година. Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, на едно четиричлено семејство месечно му требаат најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно. Кај оваа категорија домаќинства стапката на сиромаштија изнесува 17,1%.

На сиромаштија најизложени се децата и младите до 17 години, кадешто ризикот достигнува високи 29,5%. Причината затоа се најчесто еднородителските семејства кои едвај врзуваат крај со крај. Овој факт го поткрепуваат и податоците за финансиската состојба на самохраните родители, кај кои стапката на сиромаштија достигнува високи 45,8%.

Не толку отпорни на сиромаштија се и семејствата со повеќе деца. Речиси 55% од оние домаќинства составени од двајца возрасни и 3 и повеќе деца живеат под прагот на сиромаштија.

Реклама

Има луѓе и кои имаат редовно вработување, а влегуваат во категоријата сиромашни. Такви биле 7,9% од работниците минатата година. Тоа значи дека тие и покрај тоа што имаат работа, најверојатно имаат ниски примања, па никако не го надминуваат прагот на сиромаштија. Сличен е случајот и кај највозрасната категорија граѓани, кај пензионерите. Тие примаат пензии секој месец, но и покрај тоа, стапката на сиромаштија е 12 отсто.

Во поглед на родовата сиромаштија, таа е поизразена кај жените, отколку кај мажите. Во Македонија стапката на сиромаштија кај жените изнесува 20,7%, додека кај мажите таа е 19,5% кај мажите.

Во Македонија, нееднаквоста во распределбата на приходите, мерена преку Џини коефициентот, во 2024 година изнесува 29,1%. Овој индикатор е еден од клучните показатели за социјалните разлики во општеството бидејќи ја прикажува разликата меѓу приходите на населението.

Државниот завод за статистика ги пресметува податоците за сиромаштија во земјава врз основа на Анкетата за приходите и условите за живеење, согласно методологијата и препораките на Европската Унија. Основата за мерење на сиромаштијата се приходите на домаќинствата, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход.