Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Стартува реконструкцијата на штипската тврдина Исар

Започнува реконструкцијата на тврдината Исар, еден од најзначајните археолошки локалитети во Штип.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнува реконструкцијата на тврдината Исар, еден од најзначајните археолошки локалитети во Штип. Во тек  е тендерската постапка, за избор на фирма, која ќе изврши реконструкција на Акрополот изграден во вториот век, од нашата ера. Проектот е на штипскиот Музеј, а Општина Штип, обезбеди  околу 1,6милиони евра преку вториот владин повик за искористување на средства од унгарскиот кредит. Проектот треба да биде завршен до крајот на годината

„Пријавени се две компании, очекувам деновиве да се направи избор за најповолен понудувач и во месеците што следуваат да се започне со конзервација, реставрација на тврдината Исар, која многумина ја посакува ат како финален проект„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Тврдината ќе се реставрира според примерот на скопското Кале и Самоиловата тврдина во Охрид. На самиот врв ќе се реставрираат трите кули, кои меѓу себе ќе бидат поврзани со бедем висок 4метри. За автентичноста на реставрацискиот процес ќе се грижи штипскиот Завод-Музеј. Просторот ќе биде осветлен и ќе се изградат дополнителни скали и патека до врвот, од каде градот се гледа како на дланка.

Реклама

  „Предвидува изградба на три кули, конзервација и реставрација на ѕидините, целосно осветлување. Пактично тоа е давање на акцент на историското културно наследство кое како град го имаме, а досега никогаш не било акцентирано и не му било дадено значење. Верувам дека ова место ќе биде посетувано, не само од штипјани„ изјави Јорданов.

Освен што тврдината е културно-историско наследство, обичај поврзан со неа е внесен на листата на нематрејални богатства на УНЕСКО. Традиционално, секоја година , на денот на пролетта , 22март, штипјани се искачуваат на тврдината, каде според обичајот Четр”се, се фрлат 39каменчиња, додека четириесеттото се задржува за себе. Се верува дека ако тоа камче се стави под перница, ќе се сонува идниот сопругот.