Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Стартува мониторинг системот за енергетска заштеда од фотоволтаиците во училиштата во Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ присуствуваше на пуштањето во употреба на онлајн мониторинг софтверот, кој претставува финална активност во рамките на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност и заштита на човекова околина“. Со овој чекор целосно се заокружува реализацијата на проектот, во рамките на кој беа поставени фотоволтаичните системи во сите основни училишта на територијата на oпштина Кисела Вода.

Мониторинг софтверот претставува web-базирана платформа преку која во реално време може да се следи моменталното производство на фотонапонскиот систем, вкупното дневно, месечно и годишно производство на електрична енергија, како и вкупно произведената енергија од денот на пуштање во работа на системот до денес. Дополнително, софтверот овозможува континуирано следење на работата на системите. При појава на евентуални аномалии, корисниците автоматски добиваат известување, што овозможува навремена реакција и максимално искористување на сончевата енергија.

Со проектот беа проектирани и инсталирани мрежни он-грид фотоволтаични системи со вкупна моќност од 140 киловати во сите основни училишта во општината Кисела Вода, како и едно училиште во општина Зелениково. Овие инвестиции овозможуваат годишна заштеда од околу 160 мегават часови, односно 70 до 80 проценти по училиште, што претставува 18 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија на општината, со значителен придонес кон заштитата на животната средина и намалување на емисиите на јаглероден диоксид.

Реклама

-Со денешното пуштање во употреба на мониторинг софтверот заокружуваме една целина која претставува вистински пример за современ и одржлив пристап кон енергетското управување. Благодарение на овие системи, нашите училишта веќе остваруваат значителни заштеди и активно придонесуваат кон намалување на енергетската зависност. Енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија се приоритет на мојата работа и ќе останат насока во која ќе продолжиме и во наредните четири години: кон зелена, модерна и енергетски самостојна општина, изјави Стаменкоска-Трајкоска.

Таа им се заблагодари на Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Скопскиот плански регион за успешната соработка и поддршката во реализацијата на проектот, потенцирајќи дека Кисела Вода ќе продолжи да инвестира во зелени проекти и технологии кои носат конкретни придобивки за граѓаните и за животната средина.

Проектот се реализира преку Програмата за развој на планските региони, со инвеститор Владата на Македонија преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а имплементатор е Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Кофинансиер e Општина Кисела Вода.