Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Стартот на откупот на грозјето проследен со очекуваните проблеми, лозарите стравуваат дека пак ќе бидат изиграни

Ако по утрото денот се познава, стартот на откупот на грозјето од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако по утрото денот се познава, стартот на откупот на грозјето од годинашнава реколта – неповолен за македонските лозари. По синоќешниот хаос пред Винарската визба „Тиквеш“ кога лозарите, незадоволни од понудената откупна цена ја пробија оградата и го истураа донесениот род, денеска состојбата е посмирена. Откупот продолжил по претходно утврдените цени, но тоа важело само за денеска и за оние лозари кои веќе го имале донесено грозјето.

  • „И сега, излегува, со половина шеќерна единица помалку, ами плати му го 12, како што беше до завчера, а не можеш да го вратиш, бидејќи кај ќе го носи, не може дома да го смести, 3 тона, 5 тона, кај ќе го смести?! И сега од сабајле им го земаат на луѓето, пак како што беше по нормална цена, ама тоа само за овие трактори што се вчерашните, а од утре ќе имало известување таму – над 21 шеќерност да не му го примаат за во „Тиквеш“, а за другите винарии уште нема што купуваат по 12 денари, по 10, ни инспекци има, ни ништо..“, ни изјави Дано Јошев, претседател на Регионалното здружението „Тиквешки лозар“ од Кавадарци.

    Заради загрижувачката неизвесност и дрматичноста на состојбата, денеска побарана е итна средба со сите инволвирани страни во откупот.

  • „Поканети се и министерот, и инспекторатот, сите затоа што мора да се оформи цена, не може министерот и Владата да договараат цена со винариите, туку цената треба да ја одредуваме ние здруженијата и тие лозари што идат таму, лично што произведуваат грозје, а не може цената во четири очи да ја договараат секој ден. Е сега, министерот вика во среда ќе ги собирал винариите. Не може во среда, кога е тоа, во среда  веќе технолошката зрелост ќе мине, грозјето вене, откупувачи нема, сега сите чекаат, пак е некоја игра..“, – објаснува Јошев.

Како ќе се одвива откупот понатаму, лозарите не знаат, бидејќи како што велат, ова што сега излегува како сериозен проблем требало да биде решено уште во февруари, но тогаш Владата се оглушила на нивните барања.

Реклама

Инаку, по ескалацијата на состојбата со откупот на грозјето, со отворена и јавна поддршка за тиквешките лозари, излегоа и македонските тутунари и оризопроизводителите.

Каролина Дурло