Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Нашата програма вклучува нови паркинг простори, монтажни гаражи и пешачко-велосипедска патека за граѓаните на Кисела Вода

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма истакна дека општината треба да се развива одговорно плански и според сите законски нормативи и стандарди да има доволно зелени површини.

„Изминатите 4 години се направија повеќе од 1500 нови паркинг простори, но тоа не го реши проблемот, затоа во програмата, како еден од приоритетите предвидуваме нови паркинг простори дополнителни, но исто така во соработка со Градот Скопје се планира изградба на катна гаража во делот позади Пеглата, исто така се планираат и монтажни гаражи, но исто така нашата програма предвидува и пешачко-велосипедска патека со обиколка на Кисела Вода, една навистина богата програма која нуди многу убави решенија“, вели Стаменкоска Трајкоска.

Во емисијата Стаменкоска Трајкоска се осврна на нејзините приоритети за Кисела Вода, ставајќи ги граѓаните на прво место, притоа потенцирајќи го и значењето за здрава и чиста животна средина во општината како и неодговорното работење на Град Скопје и претходната власт,  која  што средствата наменети за решавање на проблемот со линданот ги потрошила, без да го реши проблемот.

Реклама

„Мене приоритети ми се три дела: тоа се граѓаните на Кисела Вода, бизнис заедницата и општинската администрација. Еден од петте приоритети кои ги имаме во нашата програма „ Вистинскиот избор“ значи и системска програма за урбана хигиена и чиста животна средина. Целата организација која сега макотрпно се прави во општина Кисела Вода, заради немањето на поддршка и немањето на одговорна работа од страна на Градот Скопје и целиот проблем кој се создава, верувам дека во иднина истиот тој ќе биде надминат, но со ова дополнително системско уредување, што значи дополнително надоградување на сите оние потребни делови кога станува збор за одржување на хигиената во општината и крајно здрава животна средина. Што се однесува до линданот, моите истражувања велат дека средствата кои изминатата влада предводена од СДСМ ги добија за справување со овој проблем, се потрошени, а проблемот не е решен“, рече Стаменкоска Трајкоска.