Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ССК: Минималната плата е политички потег, наредното покачување треба да биде во март

Бизнис секторот остро реагира на владината најава од први јануари да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнис секторот остро реагира на владината најава од први јануари да се зголеми минималната плата на 18 илјади денари во време на економска криза и пандемија. Според Сојузот на стопанските комори растот на платите веднаш по Нова Година би бил популизам, а не здрава економска логика. Тие не се противат на раст на платите но инсистираат тоа да биде согласно законот. Вака избрзано не сметаат дека ќе можат да го издржат ударот кој би бил драматичен:

Како претставници на бизнис заедницата секогаш поддржуваме зголемувањето на платите, ако тоа е последица на пазарните механизми, зголемената продуктивност на работната сила и на зголемената економска активност на бизнис секторот. Како претставници на над 20.000 компании членови на Сојузот, имаме обврска да ја предупредиме пошироката јавноста за последиците од политички мотивирано покачување на минималната плата на 18.000 денари на и онака нефункционалниот пазар на труд“, истакна Благоја Грозданов, член на Управен одбор на ССК.

Инаку растот на минималната плата е предвиден во самиот закон со механизам и предвидено е таа да се зголемува во март секоја година. Зголемувањето е усогласено со: една третина од порастот на просечната плата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година.

Реклама

„Ако Владата е искрена во своите намери да помогне на бизнисот и граѓаните, треба да спроведе мерка со која ќе се намалат стапките на придонесите кои кај нас се на екстремно високо ниво. Кај нас ефективната стапка на придонеси на бруто плата изнесува околу 33 проценти, додека за споредба во Германија изнесува 27 проценти, Бугарија 19 проценти, Словенија 18 проценти, Хрватска 17 проценти. Оваа разлика реално е и поголема кога ќе се стави во однос со квалитетот на услугите кои се добиваат од државните фондови за пензиско и за здравствено осигурување. Треба и да се истакне дека на  повисоко поставена минимална плата од 18.000 денари, вкупниот трошок за работодавачите, со вклучен данок на личен доход и придонеси би бил околу 27.000 денари, однос за околу 50 проценти повеќе од самата нето плата. Од земјите во регионот Црна Гора веќе најави даночна реформа во делот на намалување на придонeсите на плата”, истакна Александра Андреева, член на Управен одбор на ССК.

Дополнително според бизнис заедницата, оваа мерка би влијаело и на зголемување на сивата економија и делење плати во плико. Она што дополнително ги загрижува е што власта ја повторува праксата од пред две години кога минималната плата се зголеми на 14.500 денари.

Викторија Миткова