Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Средба Сиљановска Давкова – Мишева: Македонскиот идентитет и култура се промовираат и негуваат во Холандија

Во пресрет на утрешниот празник – Денот на македонската револуционерна борба македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на утрешниот празник – Денот на македонската револуционерна борба македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со истакнатата македонска активистка и единствен одликуван граѓанин со македонско потекло во Холандија госпоѓа Светлана Мишева, почесен претседател на Македонската заедница во Холандија.

На средбата претседателката Сиљановска-Давкова беше запозната со активностите на Заедницата, генезата на македонско-холандските културни врски и уделот на големиот холандски писател А.ден Долард во запознавање на холандската и европската јавност со стремежот на македонскиот народ за независност.

Госпоѓа Мишева ѝ ги пренесе на претседателката Сиљановска-Давкова своите импресии и нескриена радост по веста во мај дека Македонија доби прва жена претседател и рече дека е горда и изборот на прва жена-претседател во голема мера го поткрепува и оправдува мојот ангажман и работа за македонската кауза кој трае над половина век надвор од Македонија.“

Реклама

Светлана Мишева е голем промотор на Македонија од својата рана младост како активен член на фолклорниот ансамбл „Орце Николов„ и во 60-тите години на минатиот век настапувала на скоро сите фолклорни фестивали низ целиот свет. Непосредно по земјотресот во 1963 година работела во тимот на јапонскиот архитект Кензо Танге во изградбата на Скопје и на повик на ансамблот „Орце Николов„ повторно заминала на турнеја во Америка, но овојпат во хуманитарни концерти и собирање помош за обнова на македонскиот главен град.
Во Холандија живее од 1971 година и таму помагала на бегалци, сиромашни и болни за чија хуманост, посветеност и грижа е одликувана во 2009 година.
Покажала големи активности и во основање на Македонската заедница и организирање на црковниот живот (македонската православна црковна општина) во Холандија за чиј минат труд, во март оваа година по повод нејзиниот 80 роденден беше овенчана со Наградата за животно дело „Златен Птоломеј„ од име на Македонската заедница како признание за „личност со најдолг стаж за македонската кауза во континуитет во различни области„. Со оваа награда Светлана Мишева воедно стана и почесен претседател (AD TEMPUS VITAE – доживотно) на Македонската заедница во Холандија.

Светлана Мишева / фото: Македонска заедница во Холандија

Претседателката Сиљановска-Давкова возврати со честитки до Македонската заедница во Холандија по повод утрешниот празник и им посака на нашинците во Холандија да продолжат со нивните богати и широки активности и да го следат примерот на госпоѓа Мишева, бидејќи колку повеќе одликувани граѓани од македонско потекло во Холандија толку поголем респект за македонскиот народ и државата Македонија.