Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Средба Сали – Берсе: Потврдена соработката меѓу земјата и СЕ во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу земјата и СЕ во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права.

Министерот Сали, како што соопшти Министерството за европски прашања, го поздравил затворањето на постмониторинг-дијалогот на Парламентарното собрание на Советот на Европа во јануари 2026 година оценувајќи го како значајно признание за демократскиот напредок на државата, реформите во владеењето на правото и посветеноста кон европските стандарди.

На средбата била истакната важноста на експертската поддршка од Советот на Европа во процесот на европска интеграција, особено во рамките на поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на правосудството, фундаменталните права, правдата, слободата и безбедноста.

Реклама

Сали изразил благодарност за вклученоста на Советот на Европа во оценувањето на акцискиот план за правата на лицата што припаѓаат на заедниците, како и за усогласувањето со патоказот за владеење на правото, кои претставуваат важен дел од отворачките репери за кластерот „Темелни вредности“.

– Во разговорите беше нагласена и важната улога на телата и механизмите на Советот на Европа, вклучително и Венециската комисија, ГРЕКО, MONEYVAL, CEPEJ и Комитетот за превенција од тортура (CPT), кои обезбедуваат поддршка во зајакнувањето на независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и заштитата на човековите права – се наведува во соопштението.

Министерот Сали потенцирал дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите и продолжување на процесот на европска интеграција, во тесна соработка со европските институции и меѓународните партнери.