Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Средба на вицепремиерот Беким Сали со претставници од успешни компании од нашата дијаспора во Леверкузен

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, за време на неговиот престој во Леверкузен, Германија, денеска оствари средби со претставници од неколку успешни компании од нашата дијаспора.

-Во рамките на овие средби, тој ги посети компаниите PEVALIT/PEVAPOR, A&F Baustoffhandel, Miftari Dämm-Flex GmbH и R&R Invest GmbH, кои претставуваат успешни примери на претприемништво на нашите иселеници на меѓународните пазари. За време на средбите се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, проширување на инвестициите и зајакнување на врските помеѓу дијаспората и домашната економија, соопшти Министерството за европски прашања. 

Вицепремиерот Сали истакна дека Владата останува посветена на создавање поволна инвестициска клима, со посебен фокус на поддршка на дијаспората, која ја смета за стратешки партнер во економскиот развој на државата.

Реклама

-Тој подвлече дека искуството и капиталот на дијаспората претставуваат значаен потенцијал за економски раст и забрзување на европската интеграција на државата, се наведува во соопштението.