Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Средба на Стоилковиќ со в.д. претседателот на СКСЗМ, Алиу

 Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска се сретна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска се сретна со в.д. претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Нухи Алиу.

На средбата, како што информира Кабинетот на Стоилковиќ, беше презентирана работата на Стопанската комора на северозападна Македонија, нејзините тековни активности и идни планови, при што беше направена размена на искуства во насока на унапредување на економскиот развој, подобрување на деловната клима и поттикнување на регионалниот развој.

– Во рамките на разговорите беа разгледани можностите за евентуална идна соработка во области од заемен интерес, со цел поддршка на стопанството, настап на трети пазари, регионална соработка и креирање услови за одржлив економски раст. Средбата помина во конструктивна атмосфера и особено беше истакната подготвеноста за понатамошна соработка нагласувајќи ја важноста на отворениот дијалог и на континуираната комуникација како основа за изнаоѓање практични и балансирани решенија – се наведува во соопштението.