Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари тет-а-тет средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши, на која е потврдена заедничката определба за интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете земји. Во парламентарната дипломатија препознаваат суштински механизам за размена на искуства, градење доверба и зајакнување на демократските институции. Укажувајќи на нејзиното пратеничко искуство […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари тет-а-тет средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши, на која е потврдена заедничката определба за интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете земји.

Во парламентарната дипломатија препознаваат суштински механизам за размена на искуства, градење доверба и зајакнување на демократските институции.

Укажувајќи на нејзиното пратеничко искуство во македонското Собрание, Сиљановска-Давкова ја нагласи важноста на парламентите како „школи на демократијата“ и институции коишто обезбедуваат континуитет, отчетност и директна врска со граѓаните, како извор на нивниот легитимитет.

Реклама

Претседателката ја поздрави историската улога на словачкиот Парламентарен институт, којшто заедно со чешкиот партнер, значајно придонесе во воспоставувањето и обуката на Парламентарниот институт во рамките на македонското Собрание. 

Раши ја потврди словачката поддршка на македонските евроинтеграции, потенцирајќи дека проширувањето на ЕУ мора да остане процес заснован на заслуги, во којшто важат исти правила за сите земји кандидатки.

Сиљановска-Давкова нагласи дека земјата е технички подготвена за отворање на преговорите и дека очекува процес којшто ќе биде кредибилен, предвидлив и ослободен од билатерални оптоварувања.

Соговорниците констатираа дека македонско-словачките односи се одвиваат со позитивна динамика, без отворени прашања и со растечка соработка во бројни области.