Реклама

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Македонија

Средба на Божиновска со шведскиот амбасадор Солстром: Силна поддршка за Првиот форум за енергетска дипломатија и интензивирање на инфраструктурната соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром. Во фокусот на разговорите, како што информира нејзиниот Кабинет, беше претстојниот Прв форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жени во енергетиката“, што ќе се одржи утре.

Форумот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ).

На средбата, амбасадорот Солстром ја истакна безрезервната поддршка од Амбасадата на Кралството Шведска за одржувањето на овој значаен настан, оценувајќи дека ваквите иницијативи се клучни за забрзување на зелената транзиција, привлекувањето зелени инвестиции и зајакнувањето на улогата на жените во енергетскиот сектор и енергетската дипломатија.

Реклама

Министерката Божиновска изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја дава на земјава, како преку размена на искуства и европски практики, така и преку поддршката на клучните реформски процеси во енергетиката.

-Соговорниците се осврнаа и на одличните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше потврдена заедничката заложба за нивно натамошно продлабочување. Особено внимание беше посветено на можностите за интензивирање на соработката во делот на стратешките инфраструктурни проекти, модернизацијата на енергетската мрежа и развојот на капацитетите за обновливи извори на енергија. Министерството продолжува преку зајакнување на енергетската отпорност и регионалното поврзување како врвни приоритети, и продлабочената соработка со партнерските земји, како Шведска, да гради силен поттик за стабилен и одржлив енергетски развој на државата, наведува МЕРМС.