Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Средба Муртезани-Брн: Проширувањето на ЕУ не е само политички избор, туку и безбедносен приоритет

Во услови на зголемени геополитички превирања, зачленувањето во Европската Унија не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови на зголемени геополитички превирања, зачленувањето во Европската Унија не е само политички избор, туку стратешка неопходност за зајакнување на европската безбедносна архитектура, оцениле на денешната средба во Даблин, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и државниот министер за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Брн.

Како што се невадува во соопштението од Министерството за европски прашања, Муртезани и Брн констатирале дека блокирањето на процесот на интеграција ја поткопува стабилноста на континентот, додека одржлива и предвидлива интеграција на земјите-кандидатки е во заеднички интерес. Двајцата министри се согласиле дека проширувањето мора да остане меѓу клучните приоритети на Унијата и дека стабилна и обединета Европа е најдобриот одговор на предизвиците со кои се соочува и регионот на Западен балкан и ЕУ.

На средбата станало збор и за продлабочувањето на билатералните односи и институционалната соработка меѓу Македонија и Ирска, со фокус на европската интеграција, реформските процеси и регионалната стабилност, при што е истакната важноста на имплементацијата на Реформската агенда и Планот за раст на ЕУ за ЗБ како главни двигатели на приближувањето кон Унијата. Поаѓајќи од пораките испратени од Самитот за Планот за раст на ЕУ што неодамна се одржа во Скопје, средбата овозможи и продлабочување на дијалогот околу натамошната имплементација на оваа иницијатива како инструмент за забрзување на интеграцијата.

Реклама

Министрите разговараа за европската перспектива на земјата и претстојното ирско претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2026 година, како можност за дополнително зајакнување на соработката со земјите од Западен Балкан.

Муртезани се заблагодарил за цврстата и доследна поддршка што Ирска ѝ ја дава на Македонија, особено за нејзината принципиелна и гласна позиција за дебилатерализација на евроинтегративниот процес преку отфрлање на билатералните условувања и залагањето за пристапување засновано исклучиво на исполнети критериуми и заслуги, како основа за зачувување на кредибилитетот и интегритетот на Унијата. Тој ја поздравил посветеноста на Ирска во нејзината активна улога во унапредувањето на евроинтегративниот процес во пресрет на претседавањето, особено преку подготовката на првата Ирска Стратегија за Западен Балкан.

-Во светло на тековните подготовки на овој документ, како национална стратегија на Ирска, а кој треба да ја постави рамката за посистемска и продлабочена соработка со земјите од нашиот регион, министерот Брн оцени дека навремената посета на министерот Муртезани претставува вреден придонес за подготовката на Стратегијата, како и во насока на унапредување на политичкиот дијалог и соработката во делот на евроинтеграциите. Брн и Муртезани разговараа за можностите што овој документ ќе ги отвори за засилено ирско дипломатско присуство во регионот, интензивирање на политичките билатерални контакти, поддршка за нашата реформската агенда, како и соработка во домените на културата, образованието и економијата. Тие исто така се осврнаа на регионалната стабилност и политиката на проширување на ЕУ, кои претставуваат централни елементи на ирските приоритети за време на претстојното претседавање со Советот на ЕУ и ќе бидат рефлектирани и во Стратегијата за Западен Балкан, се вели во соопштението од Министерството за европски прашања.

Министерот Муртезани исто така нагласил дека македонската Влада е заинтересирана за иницијативи кои ќе помогнат во приближување кон Единствениот европски пазар, во спроведување на ЕУ-реформите и во подобро искористување на ИПА фондовите. Во тој контекст, двајцата министри разговарале за можностите за институционално партнерство и пренос на ирското искуство и знаење, вклучително и преку техничка помош и обуки за јавната администрација, во соработка со Ирскиот институт за јавна администрација и други релевантни институции.