Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Средба Мицкоски – Вучевиќ: Планираме да бидеме центар на патните, енергетските и железничките коридори во регионот

Зголемување на економската соработка, енергетско поврзување и изградба на гасен интерконектор, соработка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемување на економската соработка, енергетско поврзување и изградба на гасен интерконектор, соработка во делот на патната и железничката инфраструктура и зајакнување на врските помеѓу двете земји. Премиерите Христијан Мицкоски и Милош Вучевиќ се согласија дека Македонија и Србија споделуваат многу повеќе од заедничка граница. По денешната средба во македонската Влада, двајцата премиери порачаа дека регионалното поврзување останува приоритет за двете држави и тоа поврзување треба да биде дел од идното интегрирање во рамките на Европската Унија.

„Стратешка цел на оваа влада е да бидеме крстопат на овој дел од Европа на три клучни елементи – патна, енергетска и железничка инфраструктура. Гасното поврзување меѓу двете земји е едне од тие приоритети, тоа треба да биде приоритет и за Централна Европа и со тоа ќе се намали зависноста од руски гас. -Зборувавме за изгрдаба на брзата пруга која што е дел од коридорот 10, која што претстaвува стратешки приоритет на нашата Влада, исто како што е и коридорот 8, но заеднички приоритет е изградба на коридорот 10 и со нашиот северен и со нашиот јужен сосед. Присуствувавте и на потпишување на Меморандумот за соработка во делот на енергетиката, рударството и минералните суровини. Така што можам да кажам дека регионалното поврзување останува приоритет за двете држави и тоа да биде дел од идното поврзување и интегрирање на регионот во рамки на ЕУ“, рече премиерот Мицкоски.

Српскиот премиер Вучевиќ, исткна дека  Македонија и Србија имаат традиционално добри односи, и се согласи со Мицкоски дека е клучна изградбата на интерконекторот, и нов пат за снабдување со природен гас за Србија, преку Македонија.

Реклама

За Србија е многу значајно прашање да ја слушнеме стратешката определба на  Македонија дали коридорот 10, пред се железничкиот коридор, е стратешки правец за железничка инфраструктура, за железнички транспорт. Тоа е единствена прилика заедно со европските партнери, зборуваме за Австрија, Унгарија, Грција, да се поврземе меѓу Виена, Будимпешта, Белград, Скопје, Софија и Атина. Тоа е сето тоа што во моментов може да се сонува, а ќе ја поврземе поврземе средна Европа со Медитеранот, Егејското Море односно со грчките пристаништа, а нашите држави со централна Европа. Предност за нас е заеднички да ги развиваме овие патишта. Верувам дека интересот и на  Македонија и на Србија е да се споиме и железнички преку брза пруга меѓу нашите две држави. Скопје и Белград ќе бидат многу поблиску, но и Атина и Будимпешта и Виена ќе бидат многу блиски преку нашите држави. Луѓето полесно ќе патуваат, полесно ќе се врши трговија и луѓето ќе живеат подобро, а тоа е интерес на сите држави, рече српскиот премиер Вучевиќ.

Вучевиќ и Мицкоски ја потврдија заедничката визија – дека иднината на регионот е во европското семејство. Српскиот премиер порача дека Европската Унија од пооодамна требало да и даде можност на Македонија за напредок кон ЕУ.

Премиерот Мицкоски пак порача дека во овие турбулентни времиња на предизвици со кои се соочува регионот, двете земји треба да бидат гласот на разумот и ра работат на стабилност и безбедност на целиот регион.

Вучевиќ и неговата делегација пред беа пречекани со сите државни и воени почести. Двете делегации во иднина ќе одржуваат редовни владини седници за продлабочување на соработката.