Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Средба Мицкоски – Ван дер Белен: Пријателството помеѓу Македонија и Австрија мора да трае

Пријателството помеѓу Македонија и Австрија мора да трае – ова е заклучокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пријателството помеѓу Македонија и Австрија мора да трае – ова е заклучокот од средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.

„Зборувавме за заедничката соработка и воспоставување на пријателство кое мора да трае.
За иднината на државата и регионот“,
напиша премиерот Мицкоски.

Претходно Мицкоски се сретна со австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг.

Реклама

„Разговаравме за заедничките интереси, стратешките цели на Македонија и потребата за придвижување на процесите“, напиша премиерот.

Формулата од Преспанскиот договор, за одложено дејство на уставните измени да се примени во случајот со Бугарија – така ќе се заштитиме од подоцнежни условувања. Овој план за откочување на евроинтеграциите премиерот Христијан Мицкоски го претстави на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите.

Според него, Македонија чека премногу долго пред портите на ЕУ, со години е жртва на билатерални спорови – и додека Владата е целосно посветена на изнаоѓање решение и активен дијалог, од другата страна мора да има волја но и дела – европските челници да покажат дека сакаат да бидеме дел од Блокот.

Европската судбина на земјава, ваква во моментов – очекувано, предизвикува фрустрации и незадоволство кај граѓаните.