Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Средба Меџити – Марафатсос: Зајакнувањето на економската соработка со САД е важно за развојот на земјата

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со Kристос Марафатсос, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со Kристос Марафатсос, кој за време на првата администрација на Доналд Трамп служеше како советник за економски политики, меѓународна трговија и енергетика, а подоцна беше дел од тимот за формирање на новата администрација и од комитетот за претседателската инаугурација во 2025 година во Соединетите Американски Држави.

За време на средбата, како што информираат кабинетот на Меџити, се разговарало за можностите за зајакнување на економската соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија, како и за продлабочување на партнерството со регионот.

-Економската соработка со Соединетите Американски Држави претставува значајна можност за развој на земјата и за зајакнување на нашите стратешки врски. Заедничките инвестиции и проекти, особено во енергетскиот сектор, можат да придонесат за енергетската безбедност и економскиот развој на регионот – истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Реклама

Во фокусот на разговорите, како што информираат, биле и енергетските проекти и потенцијалот за инвестиции, кои можат да придонесат за зголемување на енергетската безбедност, економскиот развој и за посилно поврзување на регионот со стратешките партнери.