Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Средба Хоџа-Сориано Ортиз: Шпанското искуство корисно за домашните еколошки политики

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со шпанскиот амбасадор во земјава Рафаело Сориано Ортиз, на која биле разменети мислења за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина.

Како што соопшти Министерството, на средбата била истакната континуираната поддршка од Шпанската Влада за активности насочени кон заштита на природните вредности и унапредување на еколошките политики.

Министерот Хоџа ја нагласил и континуираната поддршка од Кралството Шпанија за европските интеграции на Македонија, посочувајќи дека ова претставува значаен поттик за унапредување на реформските процеси и усогласување со европските стандарди, особено во областа на животната средина.

Реклама

-Посебен акцент беше ставен на значењето на шпанското искуство и добрите практики во креирањето и спроведувањето на еколошки политики, кои претставуваат корисна основа за натамошно унапредување на националните политики и зајакнување на институционалните капацитети, стои во соопштението на Министерството.

Оттаму дополнуваат дека соговорниците ја потврдиле заедничката заложба за продолжување на соработката и интензивирање на размената на искуства, со цел примена на одржливи решенија и исполнување на меѓународните обврски на државата во областа на животната средина.