Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Средба Ѓорѓиевски – Маричиќ: Како ЗЕЛС остануваме посветени на поддршка на општините за навремено и ефикасно да одговорат на барањата на ДИК

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се сретна со новиот претседател на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се сретна со новиот претседател на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ.

За средбата градоначалнкот информира на „Фејсбук“ нагласувајќи дека разговарале за актуелните предизвици и за координацијата меѓу институциите во пресрет на изборните процеси што следуваат во иднина.

– Денес, во својство на претседател на ЗЕЛС, остварив работна средба со новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, и членовите на ДИК. Разговаравме за актуелните предизвици и за координацијата меѓу институциите во пресрет на изборните процеси што следуваат во иднина. Непреченото спроведување на изборите во фер и демократска атмосфера мора да биде императив за сите – и за институциите и за секој граѓанин – нагласи Ѓорѓиевски.

Реклама

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

Тој истакна дека нивна заедничка обврска е изборните процеси да поминат во најдобар ред, со целосно почитување на законските процедури и со високо ниво на транспарентност и одговорност.

– Како ЗЕЛС, остануваме посветени на поддршка на општините, со цел навремено и ефикасно да одговорат на сите барања и насоки на ДИК.
Дополнително, на средбата беше отворено и прашањето за реализирањето на законските обврски на Град Скопје кон градската изборна комисија, кои беа целосно намирени уште во јануари 2026 година. Во согласност со правилникот на ДИК, обврската за исплата на членовите на општинските изборни комисии е во надлежност на самите општини. Продолжуваме со соработка, дијалог и координација, во интерес на демократските вредности и довербата на граѓаните – истакна Ѓорѓиевски.